Се известуваат сите студенти запишани по првпат во прва година во учебната 2024/2025 (бруцоши) дека треба да се јават на задолжителен систематски преглед во период од 03.02. до 21.02.2025 година секој работен ден од 7:30 до 12:00 часот.
Систематските прегледи ќе се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“- Скопје, сместена во студентскиот дом “Кузман Јосифовски –Питу“, бул. “Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 58.
Систематскиот преглед опфаќа: општ медицински преглед, стоматолошки преглед и лабораторија (во лаборатoрија од 7.30 до 10.00 часот).
Потребни документи:
- Индекс;
- Заверена здравствена легитимација
- Копија од здравствена легитимација од страна 2 до страна 5.
Систематскиот преглед е задолжителен услов за заверка на зимскиот семестар 2024/2025 година, а доказ за тоа е печатот на ЗУ Поликлиника на УКИМ на задната страна од индексот.
ВАЖНО: Заради поклопување на термините за доставување на документи за студентите од прва година со термините за систематски преглед, сите студенти кои нема да успеат да го направат задолжителниот систематски преглед до терминот за доставување на документи, истото ќе можат да го направат по запишување на семестарот, а индексот ќе треба дополнително да го достават во Одделението за студентски прашања на увид. Со тоа ќе се смета дека заверката на зимскиот семестар 2024/2025 и уписот на летниот семестар 2024/2025 е комплетиран. Оние студенти кои тоа нема да го направат (во i know системот нема да биде штиклирано полето за систематски преглед) нема да можат да го заверат летниот семестар 2024/2025.
Скопје, 20.1.2025 Одделение за студентски прашања