СООПШТЕНИЕ – Задолжителен систематски преглед за студентите од прва година

Објавено: ноември 6, 2026

Се известуваат сите студенти запишани по првпат во прва година во учебната 2026/2026 (бруцоши) дека треба да се јават на задолжителен систематски преглед во период од 15.11.2026 до 15.02.2025 година секој работен ден од  7:30 до 12:00 часот.

Систематските прегледи ќе се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“- Скопје, сместена во студентскиот дом “Кузман Јосифовски –Питу“, бул. “Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 58.

Систематскиот преглед опфаќа: општ медицински преглед, стоматолошки преглед и лабораторија (во лаборатoрија од 7.30 до 10.00 часот).

Потребни документи:

  1. Индекс;
  2. Заверена здравствена легитимација
  3. Копија од здравствена легитимација од страна 2 до страна 5.

Систематскиот преглед е задолжителен услов за заверка на зимскиот семестар 2026/2027 година, а доказ за тоа е печатот на ЗУ Поликлиника на УКИМ на задната страна од индексот.

ВАЖНО: Согласно одлуката на советот на Универзитетот број 28/3 систематскиот преглед е задолжителен за сите студенти и услов за заверка на зимски семестар 2026/2027. 

 

Скопје, 6.11.2026                                                                                       Одделение за студентски прашања