СООПШТЕНИЕ – заверка на летен семeстар 2023/2024 и упис на зимски семестар 2024/2025

Последна измена: септември 23, 2024

Заверката на летниот семестар 2023/2024, како и запишувањето на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година за студентите запишани на прв циклус студии (освен за упис во прв семестар) на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скоп­­­је  ќе ги содржи следниве чекори:

  1. Електронско пријавување од 17.9. до 23.9.2024 година
  2. Резервирање термин за доставување на документите од 23.9 до 4.10.2024 година
  3. Доставување на документите од 23.9 до 4.10.2024 година во Одделението за студентски прашања.

          1. Електронско пријавување од 17.9. до 23.9.2024 година

Во системот iKnow www.iknow.ukim.edu.mk секој студент треба да го запише зимскиот семестар 2024/2025 и да ги избере соодветните предмети. По наведениот термин електронскиот систем – iknow се затвора и студентот ќе може да го запише семестарот административно со доставување на уплата за задоцнето запишување на семестар на жиро сметка на ФЕИТ од 1500 ден. (Ценовник)

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  1. Студентот ги запишува предметите според реалната ситуација во моментот кога го запишува семестарот во iknow. Доколку таа ситуација се измени заради положување на предмет, промената ќе биде извршена врз основа на доставување на нов интерен лист (Интерен лист), со “Забелешка“ – да наведе кој предмет е положен и со кој предмет истиот да биде заменет. Истото да се напомене при предавање на документите на шалтерите во Одделението за студентски прашања.
  2. Секој студент што запишува зимски семестар е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во зимскиот семестар, според следните правила:
  • Во секој семестар студентот запишува предмети со најмногу 35 кредити, а најмалку 21 кредит,
  • При запишувањето на семестарот студентот прво ги запишува неположените задолжителни и изборни предмети од претходниот зимски семестар, потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај, изборните предмети од тековниот семестар, при што вкупните студиски обврски во семестарот не надминуваат 35 кредити, Се замолуваат студентите строго да ги почитуваат правилата за запишување на предметите. Во спротивно корекцијата на избраните предмети ќе биде направена административно од страна на Одделението за студентски прашања.
  • Студентите кои студираат според акредитација 2022 ги запишуваат предметите согласно студиската програма на која студираат, односно запишувањето на задолжителните, изборните и предметите од факултетската листа ќе се врши САМО од понудените предмети на соодветната студиската програма. (види информациски пакет за секоја студиска програма на веб страницата на ФЕИТ – www.feit.ukim.edu.mk)
  • Студентот може да запише повеќе од 35 кредити само доколку ги исполнува следниве услови: положени предмети и реализирани кредити од сите претходно запишани семестри со просечна оценка најмалку 8,5. Студентот кој ги исполнува овие услови и сака да запише поголем број кредити од 35, поднесува Барање за одобрување на запишување поголем број кредити до продеканот за настава на ФЕИТ (во писмена форма со уплата од 50,00 ден. за адм. т-са, преку студентската архива на Факултетот).

НАПОМЕНА: Ќе бидат разгледувани доставените молби за запишување на повеќе од 35 кредити само на оние студенти кои ги исполнуваат погоре наведените услови.

  • Помалку од 21 кредит може да запишат студентите кои запишуваат предмети, односно кредити за да го освојат потребниот минимум од 231 кредит потребен за да имаат право да го бранат дипломскиот труд.
  • При запишување на предметите, потребно е да бидат исполнети предусловите дефинирани со предметните програми што се приложени во инфор­мациските пакети за секоја студиска година, дадени на веб страницата на Факултетот.
  1. ВАЖНО: За разлика од претходните уписи на семестар, опцијата за електронско плаќање преку iknow системот станува овозможена, откако изборот на предметите ќе биде валидиран од Одделението за студентски прашања!!!

       2. Резервирање термин за доставување на документите од 23.9 до 4.10.2024 год.

На порталот е-Курсеви, (во Виртуелни училници, во курсот Студентска служба/Запишување зимски семестар 2024/2025), креирана е активност Закажување термин (упатство за користење на активноста), преку која секој студент задолжително треба да избере термин помеѓу 12:00 и 15:00 часот, во периодот од 23.094.10.2024 година.  Во резервираниот термин студентот ќе може да ги доста­ви комплетните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања.

Почетна година на студирање Денови во кои може да се резервира термин помеѓу 12 и 15 часот
2023 23.9.2024 24.9.2024 25.9.2024
2022 23.9.2024 24.9.2024 25.9.2024
2021 26.9.2024 27.9.2024 30.9.2024
2020 26.9.2024 27.9.2024 30.9.2024
2019 1.10.2024 2.10.2024 3.10.2024
2018 1.10.2024 2.10.2024 3.10.2024
2017 и порано 2.10.2024 3.10.2024 4.10.2024

3. Доставување на документите од 23.9 до 4.10.2024 година

Комплетните документи студентот ги доставува на шалтерите на Одделението за студентски прашања исклучиво во резервираниот термин. (Ве замолуваме за строго почитување на одбраниот термин)

Студентите кои нема да ги почитуваат предвидените рокови, уписот на семестарот ќе може да го реализираат со поднесување молба за задоцнет упис и надомест, согласно Анексот на Правилникот за студирање на УКИМ за надоместоци. Истото важи и за студентите кои ќе се пријават електронски, но нема да достават комплетни документи во Одделението за студентски прашања во предвидениот рок. При тоа, тие ќе бидат избришани и од електронската евиденција.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  1. Индекс (во кој треба да бидат впишани предметите што студентот ги слушал во летниот семестар 2023/2024 – сместарот што се заверува).

ВАЖНО: Доколку индексот е во Одделението за студентски прашања заради нерегулирани обврски во претходниот семестар, прво ќе се завршат заостанатите обврски со заверка/упис на претходниот семестар, а потоа ќе се примаат документите за новиот зимски семестар 2024/2025.

ВАЖНО: Потписите за сите запишани предмети во летниот семестар 2023/2024 треба да бидат регулирани во iknow системот. За регулирани обврски при заверка на семестар се смета кога студентот ги има добиено сите потписи во iknow системот или доставил уплата од 1000 ден. за административно регулирање на нереализирани академски обврски – неземен потпис.

  1. Статистички лист за учебната 2024/2025 год (ВОИ-20) (од книжарница)
  2. Потврда за сите потребни уплати за заверка и запишување на семестар
    • Може да се уплатат електронски преку iknow системот после валидација на запишаните предмети од страна на Одделението за студентски прашања.
    • Може да се уплатат и на вирман во банка, пошта или електронско банкарство и да се донесе потврда за уплатата

        3.1. Уплата од 150,00 ден. за трошоци за запишување и заверување на семестар

                со назнака: запишување и заверка на семестар.

                 Депонент (Банка): НБРМ

                 Трезорска сметка: 100000000063095

                 Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

                 Повикување на број: 723019, програма 41

ЗАБЕЛЕШКА: Од овој семестар студентот нема обврска да доставува обрасци за заверка и запишување на семестар во хартиена форма. iknow системот автоматски го генерира Образецот А4 за заверка на летниот семестар 2023/2024, Образецот за запишување на зимскиот семестар 2024/2025 и Образецот А4 за заверка на зимскиот семестар 2024/2025.

       3.2. Уплата за партиципација (државна квота: број на кредити х 205,00 ден. или квота со кофинансирање: број на кредити х 410,00 ден.) на жиро сметка на ФЕИТ:

                    Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

                    Депонент: НБРМ

                    Tрезорска сметка: 100000000063095

                    Трезорска подсметка: 1600104286 788 14

                    Повикување на број: 723012, програма 41

                    Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити

       3.3. Уплата во вкупен износ од 1700,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ, со цел на дознака: материјални трошоци (Набавка на материјални ресурси за реализација на студиска програма).

                    Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

                   Депонент: НБРМ

                   Tрезорска сметка: 100000000063095

                   Трезорска подсметка: 1600104286 788 14

                   Повикување на број: 723012, програма 41

                   Цел на дознака: Материјални трошоци

     3.4. Уплата во износ од 750,00 ден. за Примач: УКИМ – за ИКСА – ФЕИТ,

                Банка: НБРМ,

                жиро с-ка: 100000000063095,

                сметка за буџетски корисник: 1600103689 788 18,

                приходна шифра: 723012 41.


ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА

РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ НА СТУДЕНТИ

Студенти кои ги положиле сите испити, а го запишуваат/презапишуваат само дипломскиот труд

  1. Индекс;
  2. Потврда за уплатени 150,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар со назнака: запишување и заверка на семестар. (во зимскиот сместар 2024/2025 се запишува само дипломскиот труд)
  3. Пријава за дипломски труд (во четири примерока, претходно потпишана од менторот и од кандидатот и заверена во архивата на факултетот и уплата за адмнистративна такса од 50,00 ден.)(Процедури за дипломска работа).
  4. Потврда за извршена уплата на партиципација – 9 кредити за дипломски труд, на факултетската жиро сметка (државна или квота со кофинансирање,).
  5. Потврда за извршена уплата од 1000,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: административен трошок за запишување на семестар;
  6. Статистички лист за учебната 2024/2025 година (ВОИ 20) (од книжарница)

Студенти кои ги положиле сите испити и го запишале дипломскиот труд во претходниот семестар (празен семестар)

  1. Индекс;
  2. Потврда за уплатени 150,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар со назнака: запишување и заверка на семестар.
  3. Потврда за извршена уплата од 1000,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: административен трошок за запишување на семестар;
  4. Статистички лист за учебната 2024/2025 година (ВОИ 20 ) (од книжарница)

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  1. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски за летниот семестар 2023/2024 го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница со реализирана уплата на ратата што недостасува на жиро-сметка на Факултетот.
  2. Студентите можат да ја користат можноста за онлајн плаќање преку iknow системот. Во делот за запишување на нов семестар на студентската страна, на студентот ќе му биде прикажан износот кој треба да го плати како школарина (според бројот на запишани кредити), како и на сите други дополнителни плаќања за соодветниот зимски/летен семестар, вклучувајќи ја и провизијата, откако избраните запишани предмети ќе бидат валидирани од Одделението за студентски прашања. Преку iknow системот НЕ МОЖЕ да се реализира плаќање на рати. Со клик на копчето “Плати онлајн“ студентот се пренасочува кон страната за онлајн плаќања на која треба да ги внесе информациите за својата дебитна/кредитна картичка.
  3. Студентите кои при запишувањето на зимскиот семестар 2024/2025 имаат освоено 200 кредити од положени задолжителни и изборни предмети, студентска пракса и курсеви, задолжително го запишуваат и дипломскиот труд. При тоа доставуваат Пријава за дипломски труд (во четири примероци претходно потпишани од менторот и од кандидатот и заверени во архивата на Факултетот со 50,00 ден. административна такса),(Процедури за дипломска работа). Краен рок за доставување на комплетната пријава за дипломски труд е 31.10.2024 година (четврток)
  4. Студентите запишани на прв циклус студии на ФЕИТ заклучно со учебната 2021/2022 (акредитација 2017), а кои до почетокот на зимскиот семестар 2024/2025 година не се стекнале со 90 кредити, административно преминуваат на соодветни студиски програми од акредитација 2022. (Одлука) На студентите кои го продолжиле своето студирање на некоја од студиските програми акредитација 2022 им се еквивалентираат положените предмети и за тоа треба да достават уплата од 3000 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: промена на студиска програма/еквиваленција. (Одлука за еквиваленција + Табела со еквиваленција)
  5. Студентите кои студираат според акредитација 2012, а кои нема да дипломираат до 30.9.2024 год. можат да го продолжат своето образование на соодветната активна студиска програма со доставување на молба со 50 ден. административна такса, уплата од 3000 ден. на сметка на ФЕИТ (цел на дознака: премин од стара на нова студиска програма) и уверение за положени испити, врз основа на што се изготвува признавање на положените испити. (Одлука)
  6. Студентот нема право да ги полага испитите по оние предметите за кои не се исполнети академските обврски (нема потпис во iKnow). Доколку овие предмети се задолжителни, студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година, а ако се изборни студентот може да ги презапише истите или да ги замени со нови изборни предмети.
  7. Студентот може да поднесе молба за промена на веќе избран изборен предмет, најдоцна до 18.10.2024 година (вторник), односно непосредно по почетокот на зимскиот семестар, со доставување на молба со 50 ден. административна такса преку архивата на Факултетот и надомест од 1.500,00 денари согласно Анексот на Правилникот за студирање на УКИМ за надоместоци.
  8. Студент кој ги положил сите предмети и го запишал дипломскиот труд во претходната академска година, истиот треба да го одбрани најдоцна до 30.09.2024 година (понеделник). Во спротивно, за да го задржи статусот редовен студент тој е должен да запише зимски семестар 2024/2025 според обврските што му преостануваат до дипломирање.
  9. Запишаниот дипломски труд во зимскиот семестар 2023/2024 година студентот има право да го одбрани во рок од една година, односно најдоцна до 30.09.2024 год.(понеделник). Доколку дипломскиот труд не се одбрани во овој рок истиот се презапишува со можност за промена на ментор и тема и со соодветна уплата согласно Анексот на Правилникот за студирање на УКИМ за надоместоци.
  10. Максималниот број студенти кои можат да пријават дипломски труд кај еден ментор е 15 студенти (во периодот од 1.10.2023 до 30.9.2024 година).
  11. Студент на кој овој зимски семестар 2024/2025 му е последен предвиден семестар треба да ги има извршено обврските во однос на студентската пракса.  Пред дипломирање студентот треба да има извршено најмалку три месеци пракса (за едномесечна пракса се признаваат лабораториските вежби после прва година).(Процедура за студентска пракса)
  12. Студентите кои ги продолжуваат своите студии на студиските програми според акредитација 2017 ги запишуваат предметите определени на нивната студиска програма според акредитација 2017. При тоа, наставата за запишаните предмети кои имаат еквивалент на новите студиски програми акредитација 2022, ќе се реализира со нивниот еквивалент. За предметите кои што немаат еквивалент на новите студиски програми, наставата ќе се реализира менторски, при што студентите ќе го полагаат испитот кај наставникот од кого последно имаат добиено потпис. (Одлука за режим на настава)

Преминување од државна квота во квота со школарина (кофинансирање)

  1. Согласно Правилата за студирање, студентот го губи статусот на студент запишан во државна квота (квота со партиципација) и ги продолжува студиите во квота со школарина (квота со кофинансирање) ако:
  • еден предмет запише по трет пат,
  • не освои најмалку 50% од запишаните ЕКТС кредити во соодветниот зимски/летен семестар од претходната учебна година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.

Скопје, 17.09.2024 година

Одделение за студентски прашања при ФЕИТ