Запишување на примените кандидати – потребни документи

Последна измена: септември 9, 2026

Запишувањето на примените кандидати во првиот уписен рок на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година ќе се врши на 3.9 и 4.9.2026 година. од во читалната на ФЕИТ од 8.30 до 15.00 часот со доставување на следните документи:

     1. Индекс (пополнет),

     2. Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),

     3. Eлектронски образец за статистика ВОИ.20. – поставен на платформата Uslugi.gov.mk, на која секој       студент треба да направи профил и да го пополни образецот во електронска форма. Секој студент треба да има креирано корисничка сметка на ниско ниво. Откако ќе се пополни електронскиот образец ВОИ.20 од системот се добива генериран документ (образец) и потврда за успешно доставен образец. Оваа потврда за успешно доставен образец и/или генерираниот образец (испечатен) студентот е потребно да го достави во      одделението за студентски прашања. Начинот на пристапување кон on-line образецот.

       4. Договори за студирање (се добиваат на денот на упис – 3.9 или 4.9.2026),

    5. Потврда за уплатени 750 денари за информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, ФЕИТ, на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41,

       6. Потврда за уплатени 1700,00 ден.

         Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

          Банка на примачот: НБРМ

        Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14

Приходна шифра: 723011, програма 41

      Цел на дознака: материјални трошоци

        7. Уплата за партиципација од 6.150,00 ден.(државна квота), односно 12.300,00 (школарина-квота со кофинансирање) на жиро сметка на ФЕИТ:

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14

Приходна шифра: 723012, програма 41

Цел на дознака: партиципација/школарина за упис на зимски сместар 2026/2027