Информација за студентски адреси

Објавено: ноември 17, 2021

Почитувани,

Ве известуваме дека ви се креирани електронски адреси на студентскиoт сервер за електронска пошта и корисничка сметка на порталот за електронско учење:

http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk

До серверот за електронска пошта може да се пристапи преку веб-адресата:

https://smail.feit.ukim.edu.mk/

Електронските адреси се во форма <studiska_programa><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk, каде што <broj_indeks> е бројот на индексот, без косата црта со m на крајот. На пример, студент запишан на студиската програма Проектен менаџмент, со број на индекс 26/2021м би имал адреса pm262021m@feit.ukim.edu.mk.

Иницијалната лозинка е поставена да биде матичниот број на студентот, а студентите ќе можат да ја променат преку веб-интерфејсот.

Количината на дoделeната меморија на секој корисник изнесува 1GB(еден гигабајт).

Најавувањето на порталот за електронско учење http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk, ќе се одвива преку факултетска електронска адреса на студентот.

Доколку наидете на проблеми контактирајте нè нa: e-admin@feit.ukim.edu.mk

Со почит ФЛАОП