Оглас за доделување една стипендија на студенти од втор циклус студии

Објавено: август 19, 2022

                                                                                

 

Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и ОКТА АД – Скопје, на 18.08.2022 година, Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје распишува

ОГЛАС  за доделување една стипендија на студенти од втор циклус студии 

ОКТА АД – Скопје, (во натамошниот текст: ОКТА) доделува една стипендија на студентите кои во учебната 2022/2023 година првпат се запишуваат на втор циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, на една од следните студиски програми:

  • Обновливи извори на енергија;
  • Електроенергетика;
  • Електрични машини и автоматизација.

I.   УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

  1. Да има  завршено  прв  циклус  студии  на  Факултетот  за  електротехника  и  информациски технологии – Скопје во траење од 8 семестри, со постигнат просечен успех од најмалку 8,00;
  2. Да поседува сертификат како доказ за активно познавање англиски јазик;
  3. Да не е корисник на стипендија од други даватели;
  4. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  5. Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  1. Пријава;
  2. Копија од диплома/уверение за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех;
  3. Уверение – потврда за активно познавање англиски јазик;
  4. CV на македонски јазик.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина во учебната 2022/2023 година во висина од 1.500 евра.

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус е 04.10.2022 година. Документите може да се достават во архивата на факултетот или по пошта на адреса: Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, ул. Руѓер Бошковиќ бр.18, П. фах 574 – Скопје. Кандидатот ќе биде избран од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА и претставници на факултетот, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.

Контакт лице за дополнителни информации:
Јулија Цветковска

T: +389 (0) 2 2532 565|М: +389 (0) 70 354 951 | www.okta-elpe.com | JCvetkovska@helpe.gr