Пријавување испити – септемвриска испитна сесија – втор циклус студии

Објавено: јуни 30, 2026

Пријавување испити на втор циклус студии во август – септемвриска испитна сесија 2026 ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот

1.7 до 21.8.2026 година,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават пополнети хартиени пријави  на самиот испит. Во пријавата  се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и испитниот рок во кој се пријавува испитот.

НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 1000,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА