Пријавување испити на втор циклус студии во зимска – прва испитна сесија 2024 (јануарска испитна сесија 2024) ќе се врши електронски, со користење на I Know системот, во периодот
од 2.1. до 21.1.2024 година,
следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.
За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават пополнети хартиени пријави на самиот испит. Во пријавата се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од I Know системот.
НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.
Скопје, 18.12.2023 година
ОД ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА