Пријавување и запишување на кандидати на втор циклус студии во првиот уписен рок 2022/2023

Последна измена: октомври 5, 2022

Електронското пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2022/2023 година во првиот уписен рок ќе се врши  до 30.9.2022 година.

Секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од  iKnow-системот, којшто е отворен.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

  1. Пријавување

Кандидатите покрај пополнувањето на електронската пријава, документите ги доставуваат и во хариена форма во Читалната на ФЕИТ од 12:30 до 14:00 часот.

Потребни документи за пријавување:

  • Пријавен лист за запишување (А1 образец);
  • Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – интерен и универзитетски пријавен лист;
  • Оригинален документ за завршен прв циклус студии (уверение и оценки);
  • Куса биографија (CV);
  • Потврда за активно познавање странски јазик (од Филолошки факултет, Центар за странски јазици, положен странски јазик за време на студии и сл.);
  • Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50)Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
  • Извод од матична книга на родените (оригинал и копија);
  • Препораки од наставни или научни работници (доколку има);
  • Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);
  • Документи за евентуални награди и признанија (доколку ги има);
  • Изјава за користење лични податоци (се печати од електронската пријава);
  • Изјава за веродостојност и точност на податоците (се печати од електронската пријава).

Горенаведените документи задолжително се предаваат  во хартиена форма. до 30.9.2022 година. во Читалната на ФЕИТ  од 12:30 до 14:00 часот.

  1. Запишување

Запишувањето ќе се врши на 5 и 6. 10. 2022 г. од 12:30 до 14:00 часот во  Читалната на ФЕИТ.

Примените кандидати поднесуваат:

  • Индекс и пријавни листови (А3 образец);
  • Две фотографии (3,5 х 4,5);
  • Статистички образец (ВОИ.80А – се добива од Oдделението за студентски прашања);
  • Уплата за прва рата.


Скопје,  28.9.2022 година

    Одделение за студентски прашања на ФЕИТ