Пријавување на кандидатите на втор циклус студии во првиот уписен рок во учебната 2026/2027

Објавено: септември 30, 2026

Пријавувањето на кандидатите за упис на втор циклус студии во првиот уписен рок во учебната 2026/2027 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се врши со доставување на потребните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот во период од 1.10 до 16.10.2026 година.

Пред доставување на документите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од  iKnow-системот (системот е веќе отворен) .

Идентификацискиот број, којшто кандидатот автоматски го добива од системот при електронското пријавување, треба да се внесе и во пријавата (А1 Образецот) што се поднесува при пријавувањето. Дел од потребните документи се генерираат автоматски од системот iKnow.

Потребни документи за пријавување:

  • Пријавен лист А1 образец (се купува од книжарницата на Факултетот),
  • Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – универзитетски пријавен лист и интерен лист (се печати од iKnow системот),
  • Оригинален документ за завршен прв циклус студии (уверение и оценки),
  • Куса биографија (CV),
  • Потврда за активно познавање странски јазик (од Филолошки факултет, Центар за странски јазици, положен странски јазик за време на студии и сл.),
  • Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00),
  • Извод од матична книга на родените (оригинал и копија),
  • Препораки од наставни или научни работници (доколку има),
  • Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има),
  • Документи за евентуални награди и признанија (доколку има),
  • Изјава за користење лични податоци (се печати од електронската пријава)

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ