Во периодот
од 7.2. до 10.2.2022 година
сите студенти запишани на втор циклус студии во вториот уписен рок 2021/2022 година треба да извршат електронско запишување на семестарот во iKnow системот (упатството за студенти).
При запишување на семестарот студентот ги запишува предметите што ќе ги слуша во овој прв (летен семестар) во учебната 2021/2022 година.
Студентите кои во дадениот рок нема да го реализираат електронското запишување, истото ќе можат да го направат по истекот на овој рок во Одделението за студентски прашања со финансиски надомест од 500,00 ден.
За сите технички проблеми поврзани со системот iKnow студентите може да се обратат до систем администраторот на електронската адреса: webadmin@feit.ukim.edu.mk