С О О П ШТЕНИЕ – Пријавување испити – втор циклус студии

Последна измена: јули 20, 2021

Пријавувањето испити од втор циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (генерации 2013-2020) за август – септемвриската  испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот

 од 9.8 до 20.8.2021 година,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави  до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата  задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот.

По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

Скопје, 20.7.2021 година                                                                Одделение за студентски прашања на ФЕИТ