Запишувањето на примените кандидати на втор циклус студии во првиот уписен рок во учебната 2024/2025 година ќе се врши на 18.10 и 21.10.2024 г. од 12:30 до 14:30 часот на шалтерите на Одделението за студентски прашања, со доставување на следните документи:
- Индекс (пополнет),
- Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
- Статистички образец (ВОИ.80А) – се добива од Oдделението за студентски прашања,
- Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
- Уплата за школарина од 750 евра (во денарска противвредност) – за прва рата на жиро сметка на ФЕИТ:
Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Банка на примачот: НБРМ
Tрезорска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14
Приходна шифра: 723012, програма 41
Цел на дознака: школарина за упис на зимски сместар 2024/25
- Потврда за уплатени 100,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: запишување и заверка на прв/зимски семестар 2024/25.
Депонент: НБРМ
Трезорска сметка: 100000000063095
Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
Повикување на број: 723019, програма 41
Скопје, 17.10.2024 год. Одделение за студентски прашања на ФЕИТ