Запишување зимски семестар 2023/2024 втор циклус – постдипломски студии
Генерации запишани заклучно со 2022/2023 – прв и втор рок
Доставување на документите за запишување на зимскиот семестар во учебната 2023/2024 година ќе се врши во Одделението за студентски прашања на ФЕИТ од 12:30 до 14:30 часот во периодот
од 18.10. до 20.10.2023 година
Online пријавувањето е задолжително. Во iKknow системот (www.iknow.ukim.mk) секој студент треба да го запише зимскиот семестар 2023/2024 и да ги запише предметите што ќе ги слуша во овој семестар.
По овој рок online пријавувањето ќе биде оневозможено и студентите ќе можат да го извршат уписот на семестарот со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.( на жиро сметка на ФЕИТ).
НАПОМЕНА: Студентите кои електронски ќе се пријават, а нема да достават комплетни документи во Одделението за студентски прашања ќе бидат избришани и од електронската евиденција и уписот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.(на жиро сметка на ФЕИТ)
Потребни документи за запишување на семестар:
- Индекс
- А3 образец за запишување семестар (задолжително комплетно пополнет);
- Интерен лист со избрани премети кои ќе се слушаат во овој семестар (се печати од I know системот).
- Уплата за школарина.
Напомена: Студентите запишани во вториот уписен рок 2022/2023 го доставуваат вториот дел од школарината во висина од 750 евра во денарска противредност, односно третата рата за школарина ако плаќаат на рати (на сметка на ФЕИТ). Студентите кои презапишуваат неположен предмет по прв пат уплаќаат 50 евра (во денарска противвредност) по предмет, а при секое наредно презапишување на предметот го плаќаат целиот износ на кредити што ги носи презапишаниот предмет (1 кредит Х 25 евра);
Важно: Студентите кои ги положиле сите предмети запишуваат празен семестар со доставување на Образец А3. Доколку се запишува празен семестар по втор или повеќе пати покрај Образецот А3 се доставува и уплата од 500 ден. на жиро сметка на ФЕИТ.
Потребни документи за заверка:
Напомена: Документи за заверка доставуваат само студентите кои во летниот семестар 2022/2023 година слушале предмети.
- Индекс (комплетно пополнет со предметите кои се слушале во семестарот што се заверува);
- Образец за заверка А4 (комплетно пополнет)
- Уплата за рата (доколку школарината се плаќа на рати).
- Внесени потписи во I know системот од сите слушани предмети. Напомена: Доколку за некој предмет (или повеќе предмети) не се добиени потписи, се доставува уплата од 1000 ден. на с-ка на ФЕИТ со цел на дознака: недобиен потпис
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ:
- Неположените задолжителни предмети студентот има обврска да ги презапише, а неположените изборни премети можат да се презапишат или да се заменат со друг изборен предмет;
- Студентите кога презапишуваат неположен предмет по прв пат уплаќаат 50 евра (во денарска противвредност) по предмет, а при секое наредно презапишување на предметот го плаќаат целиот износ на кредити што ги носи презапишаниот предмет (1 кредит Х 25 евра);
- Тема за магистерски труд се пријавува со освоени 30 кредити;
- Крајниот рок за пријавување тема за изработка на магистерски труд е по истекот на три семестри од уписот. Студентите кои по истекот на овој рок немаат освоено 30 кредити, должни се да уплатат 100 евра (во денарска противвредност) заради неисполнет услов за пријавување тема;
- Ако магистерскиот труд не е одбранет по истекот на четири семестри, студентот е должен да го презапише со уплата од 500 евра (во денарска противвредност) на сметката на ФЕИТ.
Скопје, 9.10.2023 година
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ