СООПШТЕНИЕ  –  Запишување зимски семестар 2024/2025 – Втор циклус – постдипломски студии Генерации запишани заклучно со 2023/2024 – прв и втор рок

Објавено: октомври 8, 2024

Доставување на документите за запишување на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година ќе се врши во Одделението за студентски прашања на ФЕИТ од 12:30 до 14:30 часот во периодот

     од 14.10. до 15.10.2024 година

Online пријавувањето е задолжително.  Во iKknow системот (www.iknow.ukim.mk)  секој студент треба да го запише зимскиот семестар 2024/2025 и да ги запише предметите што ќе ги слуша во овој семестар.

По наведениот термин електронскиот систем – iknow се затвора и студентот ќе може да го запише семестарот административно со доставување на уплата за задоцнето запишување на семестар на жиро сметка на ФЕИТ од 1500 ден. (Ценовник)

Потребни документи за запишување на семестар:

  1. Индекс
  2. Уплата од 100,00 ден. (или 150 денари, ако го заверува и летниот семестар 2023/2024 – види подолу) за трошоци за запишување и заверување на семестар:

                 Депонент (Банка): НБРМ

                 Трезорска сметка: 100000000063095

                 Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

                 Повикување на број: 723019, програма 41

                 со назнака: запишување и заверка на семестар

ЗАБЕЛЕШКА: Од овој семестар студентот нема обврска да доставува обрасци за заверка и запишување на семестар во хартиена форма. Iknow системот автоматски го генерира Образецот за запишување на зимскиот семестар 2024/2025 и Образецот А4 за заверка на зимскиот семестар 2024/2025.

  1. Уплата за школарина.

                    Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

                    Депонент: НБРМ

                    Tрезорска сметка: 100000000063095

                    Трезорска подсметка: 1600104286 788 14

                    Повикување на број: 723012, програма 41

                    Цел на дознака: школарина

Напомена: Студентите запишани во вториот уписен рок 2023/2024 го доставуваат вториот дел од школарината во висина од 750 евра во денарска противредност, односно третата рата за школарина ако плаќаат на рати (на сметка на ФЕИТ). Студентите кои презапишуваат неположен предмет по прв пат уплаќаат 50 евра (во денарска противвредност) по предмет, а при секое наредно презапишување на предметот го плаќаат целиот износ на кредити што ги носи презапишаниот предмет (1 кредит Х 25 евра);

ВАЖНО:

Уплатата за запишување на семестар:

    • Може да се изврши електронски преку iknow системот после валидација на запишаните предмети од страна на Одделението за студентски прашања.
    • Може да се изврши и на вирман во банка, пошта или електронско банкарство и да се донесе потврда за уплатата

ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРАЗЕН СЕМЕСТАР

Студентите кои ги положиле сите предмети од зимскиот семестар 2023/2024 запишуваат празен семестар . Доколку се запишува празен семестар по втор или повеќе пати се доставува  уплата од 1000 ден. на жиро сметка на ФЕИТ.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАВЕРКА на летниот семестар 2023/2024:

Напомена: Летниот семестар 2023/2024 го заверуваат само студентите кои истото не го направиле во определениот рок за тоа, а во летниот семестар 2023/2024 година слушале предмети.

  1. Индекс (комплетно пополнет со предметите кои се слушале во семестарот што се заверува);
  2. За заверка на семестарот треба да се уплати 50 ден на сметка на УКИМ (или заедно со упис и заверка на новиот семестар 150 денвиди погоре кај упис). Со тоа семестарот електронски ќе биде заверен.
  3. Уплата за рата за летниот семестар (доколку школарината се плаќа на рати).
  4. Внесени потписи во Iknow системот за сите слушани предмети . 

Напомена: Доколку за некој предмет (или повеќе предмети) не се добиени потписи, се доставува уплата од 1000 ден. на с-ка на ФЕИТ со цел на дознака: недобиен потпис

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ:

  1. Неположените задолжителни предмети студентот има обврска да ги презапише, а неположените изборни премети можат да се презапишат или да се заменат со друг изборен предмет. При тоа, ако се запише нов предмет се плаќа целиот износ на кредитите што ги носи предметот (бр. на кредити Х 25 евра).
  2. Студентите кога презапишуваат неположен предмет по прв пат уплаќаат 50 евра (во денарска противвредност) по предмет, а при секое наредно презапишување на предметот го плаќаат целиот износ на кредити што ги носи презапишаниот предмет (1 кредит Х 25 евра);
  3. Тема за магистерски труд се пријавува со освоени 30 кредити;
  4. Крајниот рок за пријавување тема за изработка на магистерски труд е по истекот на три семестри од уписот. Студентите кои по истекот на овој рок немаат освоено 30 кредити, должни се да уплатат 100 евра (во денарска противвредност) заради неисполнет услов за пријавување тема;
  5. Ако магистерскиот труд не е одбранет по истекот на четири семестри, студентот е должен да го презапише со уплата од 500 евра (во денарска противвредност) на сметката на ФЕИТ.
  6. Студентите запишани заклучно со генерација 2022 на акредитација 2018 (прв уписен рок – октомври 2022) кои ги имаат положено сите испити, а немаат пријавено тема до запишувањето на зимскиот семестар 2024/2025, имаат ОБВРСКА да пријават тема заклучно со ННС во декември 2024. Доколку не ја исполнат оваа обврска, при регулирањето на зимскиот семестар 2024/2025 ќе МОРААТ да го презапишат магистерскиот труд со уплата на 20 кредити (500 EUR во денарска противвредност). Потоа, доколку сакаат да ги продолжат студиите, при уписот во летниот семестар 2024/2025 ќе преминат на нова акредитација (2023) со еквиваленција на предметите (според правилата за еквиваленција и соодветни уплати) и со повторно запишување на магистерскиот труд со уплата на 24 кредити (500 EUR во денарска противвредност). Пријавената тема за магистерски труд студентот има право да ја одбрани во рок од една година (најдоцна декември 2025) со право за продолжување на рокот за уште една година (најдоцна декември 2026), по што ќе премине на нова акредитација со еквиваленција и со повторно запишување на магистерскиот труд.
  7. Студентите запишани во генерација 2022 на акредитација 2018 (втор уписен рок – февруари 2023) имаат ОБВРСКА да пријават тема заклучно со ННС во јануари 2025 (до завршувањето на зимскиот семестар). Доколку не ја исполнат оваа обврска, при запишување на летниот семестар 2024/2025 ќе МОРААТ да преминат на нова акредитација (2023) со еквиваленција на предметите (според правилата за еквиваленција и соодветни уплати) и со повторно запишување на магистерскиот труд со уплата на 24 кредити (500 EUR во денарска противвредност). Пријавената тема за магистерски труд студентот има право да ја одбрани во рок од една година (најдоцна јануари 2026) со право за продолжување на рокот за уште една година (најдоцна јануари 2027).
  8. За еквиваленција се потребни следните документи: молба со 50 ден. административна такса, уплата од 3000 ден. на жиро сметка на ФЕИТ и уверение за положени испити (уверението се добива со уплата од 50 ден. административна такса и 200 ден. на жиро с-ка на ФЕИТ).

Скопје, 8.10.2024 година

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ