СООПШТЕНИЕ – Заверка на зимски семестар 2023/2024 и запишување на летен семестар 2023/2024 – втор циклус – постдипломски студии

Објавено: февруари 5, 2024

Доставување на документите за заверка на зимскиот семестар 2023/2024 и запишување на летниот семестар во учебната 2023/2024 година ќе се врши во Одделението за студентски прашања на ФЕИТ од 12:30 до 14:30 часот во периодот

     од 15.02. до 16.02.2024 година

Online пријавувањето е задолжително. Во iKnow системот (www.iknow.ukim.mk)  секој студент треба да го запише летниот семестар 2023/2024 и да ги запише предметите што ќе ги слуша во овој семестар.

По овој рок online пријавувањето ќе биде оневозможено и студентите ќе можат да го извршат уписот на семестарот со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.( на жиро сметка на ФЕИТ).

НАПОМЕНА: Студентите кои електронски ќе се пријават, а нема да достават комплетни документи во Одделението за студентски прашања ќе бидат избришани и од електронската евиденција и уписот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.(на жиро сметка на ФЕИТ)

Потребни документи за запишување на семестар:

  1. Индекс
  2. А3 образец за запишување семестар (задолжително комплетно пополнет);
  3. Интерен лист со избрани премети кои ќе се слушаат во овој семестар (се печати од I know системот).
  4. Уплата за школарина.

Важно: Студентите кои ги положиле сите предмети запишуваат празен семестар со доставување на Образец А3. Доколку се запишува празен семестар по втор или повеќе пати покрај Образецот А3 се доставува и уплата од 500 ден. на жиро сметка на ФЕИТ.

Потребни документи за заверка на семестар:

Напомена: Документи за заверка доставуваат само студентите кои во зимскиот семестар 2023/2024 година слушале предмети.

  1. Индекс (комплетно пополнет со предметите што се слушале во семестарот што се заверува);
  2. Образец за заверка А4 (комплетно пополнет)
  3. Уплата за рата (доколку школарината се плаќа на рати).
  4. Внесени потписи во I know системот од сите слушани предмети.

 Напомена: Доколку за некој предмет (или повеќе предмети) не се добиени потписи, се доставува уплата од 1000 ден. на с-ка на ФЕИТ со цел на дознака: недобиен потпис.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ:

  1. Предметот Истражувачки проект задолжително се запишува кај наставникот под чие менторство студентот ќе ја работи магистерската работа.
  2. Неположените задолжителни предмети студентот има обврска да ги презапише, а неположените изборни премети можат да се презапишат или да се заменат со друг изборен предмет;
  3. Студентите кога презапишуваат неположен предмет по прв пат плаќаат 50 евра (во денарска противвредност) по предмет, а при секое наредно презапишување на предметот го плаќаат целиот износ на кредити што ги носи презапишаниот предмет (1 кредит Х 25 евра);
  4. Тема за магистерски труд се пријавува со освоени 30 кредити;
  5. Крајниот рок за пријавување тема за изработка на магистерски труд е по истекот на три семестри од уписот. Студентите кои по истекот на овој рок немаат освоено 30 кредити, должни се да уплатат 100 евра (во денарска противвредност) заради неисполнет услов за пријавување тема;
  6. Ако магистерскиот труд не е одбранет по истекот на четири семестри, студентот е должен да го презапише со уплата од 500 евра (во денарска противвредност) на сметката на ФЕИТ.

 

Скопје, 5.2.2024 година

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ