ВТОР циклус студии – прв уписен рок 2024/2025 година

Објавено: септември 24, 2024

   1. Пријавување на кандидатите

Пријавувањето на кандидатите за упис на втор циклус студии во првиот уписен рок во учебната 2024/2025 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се врши со доставување на потребните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања од 12.30 до 14.30 часот во период од 1.10 до 11.10.2024 година.

Пред доставување на документите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од  iKnow-системот (системот е веќе отворен) .

Идентификацискиот број, којшто кандидатот автоматски го добива од системот при електронското пријавување, треба да се внесе и во пријавата (А1 Образецот) што се поднесува при пријавувањето. Дел од потребните документи се генерираат автоматски од системот iKnow.

Потребни документи за пријавување:

  • Пријавен лист А1 образец (се купува од книжарницата на Факултетот),
  • Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – универзитетски пријавен лист и интерен лист (се печати од iKnow системот),
  • Оригинален документ за завршен прв циклус студии (уверение и оценки),
  • Куса биографија (CV),
  • Потврда за активно познавање странски јазик (од Филолошки факултет, Центар за странски јазици, положен странски јазик за време на студии и сл.),
  • Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00),
  • Извод од матична книга на родените (оригинал и копија),
  • Препораки од наставни или научни работници (доколку има),
  • Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има),
  • Документи за евентуални награди и признанија (доколку има),
  • Изјава за користење лични податоци (се печати од електронската пријава)

      2. Запишување на примените кандидати

Запишувањето на примените кандидати во првиот уписен рок на втор циклус студии во учебната 2024/2025 година ќе се врши од 18.10 и 21.10.2024 г. од 12:30 до 14:30 часот на шалтерите на Одделението за студентски прашања, со доставување на следните документи:

  • Индекс (пополнет),
  • Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
  • Статистички образец (ВОИ.80А) – се добива од Oдделението за студентски прашања,
  • Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
  •  Уплата за школарина од 750 евра (во денарска противвредност) – за прва рата на жиро сметка на ФЕИТ:

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14

Приходна шифра: 723012, програма 41

Цел на дознака: школарина за упис на зимски сместар 2024/25

  • Потврда за уплатени 100,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: запишување и заверка на прв/зимски семестар 2024/25.

  Депонент: НБРМ

              Трезорска сметка: 100000000063095

  Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

  Повикување на број: 723019, програма 41

 

 

  Скопје,  24.9.2024 година
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ