- Пријавување на кандидатите
Пријавувањето на кандидатите за упис на втор циклус студии во вториот уписен рок во учебната 2022/2023 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се врши со доставување на потребните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања од 12.30 до 14.30 часот во период
од 7.2. до 17.02.2023 година.
Пред доставување на документите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот (системот е веќе отворен) .
Идентификацискиот број, којшто кандидатот автоматски го добива од системот при електронското пријавување, треба да се внесе и во пријавата (А1 Образецот) што се поднесува при пријавувањето. Дел од потребните документи се генерираат автоматски од системот iKnow.
Потребни документи за пријавување:
- Пријавен лист за пријавување А1 образец (се купува од книжарницата на Факултетот),
- Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – универзитетски пријавен лист и интерен лист (се печати од iKnow системот),
- Оригинален документ за завршен прв циклус студии (уверение и оценки),
- Куса биографија (CV),
- Потврда за активно познавање странски јазик (од Филолошки факултет, Центар за странски јазици, положен странски јазик за време на студии и сл.),
- Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00),
- Извод од матична книга на родените (оригинал и копија),
- Препораки од наставни или научни работници (доколку има),
- Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има),
- Документи за евентуални награди и признанија (доколку има),
- Изјава за користење лични податоци (се печати од електронската пријава),
- Изјава за веродостојност и точност на податоците (се печати од електронската пријава).
- Запишување на примените кандидати
Запишувањето на примените кандидати во вториот уписен рок на втор циклус студии во учебната 2022/2023 година ќе се врши од 21.02. до 23.02.2023 г. од 12:30 до 14:30 часот на шалтерите на Одделението за студентски прашања, со доставување на следните документи:
- Индекс (пополнет),
- Пријавен лист за запишување (А3 образец) – пополнет со личните податоци на кандидатот и предметите што ќе се слушаат во овој летен/прв семестар (се купува од книжарницата на факултетот),
- Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
- Статистички образец (ВОИ.80А) – се добива од Oдделението за студентски прашања,
- Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
- Уплата за школарина од 750 евра (во денарска противвредност) – за прва рата на жиро сметка на ФЕИТ:
Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Банка на примачот: НБРМ
Tрезорска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 160010428678814
Приходна шифра: 723012, програма 41
Цел на дознака: школарина за упис на летен сместар 2022/2023
Скопје, 25. 1. 2023 година
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ