Заверка на летен семестар во учебната 2025/2026 година – Втор циклус

Објавено: јуни 17, 2026

Заверката на летниот семестар во учебната 2025/2026 година за студентите од Втор циклус студии – магистерски студии – ќе се врши на шалтерите на Одделението за студентски прашања во периодот:

Од 22.6. до 23.6.2026 год.

од 12:30 до 14:30 часот

Потребни документи:

  1. Индекс (со впишани предмети);
  2. Уплатница за реализирана рата;
  3. Електронски потписи во Iknow за сите запишани предмети во летниот семестар 2025/2026.

ВАЖНО:

Доколку не е добиен потпис за некој предмет, семестарот ќе може да се завери со уплата од 1000,00 денари (без разлика на бројот на недобиени потписи), на факултетската жиро-сметка со цел на дознака: недобиен потпис. Предметите за кои не е добиен потпис остануваат незаверени и студентот нема право да ги полага. Доколку станува збор за задолжителни предмети истите ќе мора да се презапишат во следниот летен семестар. Незаверените изборните предмети студентот може да ги презапише или да одбере нови кои ќе ги слуша по прв пат.

 НАПОМЕНИ:

  • Студентите кои имаат запишано празен летен семестар 2025/2026 не заверуваат семестар;
  • За задоцнета заверка на семестар студентите плаќаат по 1500,00 денари на факултетската жиро с-ка.

 

 Скопје, 18.6.2026 година                                                                    Одделение за студентски прашања на ФЕИТ