Соопштение за јунската испитна сесија 2019/2020

Објавено: мај 26, 2020
     

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Универзитет „Св. Кирил и Методиј” -Скопје

Факултет за електротехника и информациски технологии

 

СООПШТЕНИЕ

Врз основ на одлуката на Ректорската управа донесена на седницата одржана на 19.5.2020 година, јунската испитна сесија на Факултетот за елктротехника и информациски технологии започнува на 8. јуни и трае до 17 јули 2020 година. Испитите од летниот семестар ќе се полагаат од 8. до 22. јуни (замена за колоквиумите) и од 6. до 17. јули 2020 година, а испитите од зимскиот семестар ќе се полагаат во периодот од 23. јуни до 3. јули 2020 година, според распоред што ќе биде објавен на веб страницата на факултетот на 27. мај 2020 година. Испитите ќе се одржуваат според определен протокол што благовремено ќе биде објавен на веб страницата на Факултетот.

Заверката на летниот и запишување на зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година ќе се реализираат во септември, а профе­сионал­ната пракса нема да биде задолжителен услов.

                                                                        Од Деканатот на ФЕИТ