Одржување на курс за Безбедност на SCADA системи

Објавено: октомври 9, 2020

Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ќе одржи курс на тема:

БЕЗБЕДНОСТ НА SCADA СИСТЕМИ

во организација на Институтот за автоматика и Институтот за телекомуникации.

Целта на овој курс е запознавање на слушателите со безбедносните и мрежните концепти кои мора да се исполнети при имплементацијата на современите SCADA системи, како и со најкарактеристичните безбедносни закани и ранливости на кои тие се подложни. Презентирани ќе бидат и примери за имплементација на безбедносни мерки кај реален и критичен инфраструктурен систем, значајни историски случаи на безбедносни инциденти и напади кај SCADA системите, како и пример за користење на современи методи базирани на машинското учење за детекција на напади. Слушателите ќе имаат можност и самостојно да решат проблеми кои ќе го опфатат претходно изучениот материјал.

Курсот ќе се одржи online, со почеток на 19 октомври 2020.

Курсот е наменет исклучиво за студентите на ФЕИТ, а слушателите кои успешно ќе го завршат ќе се стекнат со соодветен сертификат и со 1 (еден) ЕСТЅ кредит. Курсот е планиран за максимален број од 15 слушатели, па затоа побрзајте да се пријавите на gorjan@feit.ukim.edu.mk. При пријавувањето, оставете податоци за вашето име и презиме, индекс, и насока. Учеството на курсот е бесплатно.

Оние кои нема да се во можност да се пријават или нема да стигнат да се пријават на време, ќе имаат нова можност да учествуваат на сличен ваков курс кој во форма на летна школа е планирано да се одржи во летото 2021 година.

Во продолжение е дадена и агендата на курсот.

АГЕНДА
Тема Број на часови Предавач
Основи на SCADA системите и нивна улога во индустријата 3 проф. д-р Миле Станковски
Основни поими од сајбер безбедност 3 проф. д-р Александар Ристески
Историски преглед на значајни безбедносни инциденти и напади кај SCADA системи 3 м-р Филип Дончевски
Сигурносни поставувања во SCADA системи 2 инж. Ристо Чавдаров
Закани и ранливости кај SCADA системите, безбедносни мерки и решенија 2 доц. д-р Горјан Наџински
ХС Злетовица – пример за безбедносни аспекти кај реален SCADA систем 2 проф. д-р Миле Станковски
Користење на пристапи и техники од машинско учење за детекција на напади кај SCADA системи 3 м-р Антонио Филипоски
Проблеми за самостојна работа за слушателите 9 /
Презентирање и дискусија на решенијата 3 /
ВКУПНО ЧАСОВИ: 30
МАКСИМАЛЕН БРОЈ НА СЛУШАТЕЛИ: 15