Интерен оглас за ангажирање на соработник на проект

Објавено: септември 29, 2022

Врз основа на договорот за проектот „Транзиција до одржлива иднина преку обука и образование“ – TRANSIT и утврдена потреба од соработник на проектот со познавање од областа електроенергетски системи, пазари на електрична енергија, обновливи извори на енергија и одржлив развој, се распишува

ИНТЕРЕН ОГЛАС

за ангажирање на соработник на проект

         I. Се распишува интерен оглас за ангажирање на 1 соработник на проектот со наслов „Транзиција до одржлива иднина преку обука и образование“, TRANSITion to sustainable future through training and education – TRANSIT, што го финансира Европската комисија (Horizon Europe Funding Programme) според договор бр. 101075747 — TRANSIT — HORIZON-CL5-2021-D3-02.

Целта на проектот е да се развијат материјали и алатки кои го поддржуваат образованието на различни целни групи во областа на искористување на обновливите извори на енергија, циркуларна економија и одржлив развој. Притоа, фокусот е кон поддршка на целите на европскиот Зелен договор, односно обезбедување одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија под пазарни услови.

       II. Потенцијалните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да бидат дипломирани електроинженери со просек на прв циклус студии од најмалку 9,00, по можност на студиската програма Електроенергетски системи (ЕЕС)  или на некоја од студиските програми поврзани со електроенергетика.
  • да имаат завршено втор циклус (магистерски) студии во областа електроенергетски системи;
  • да бидат запишани на докторски студии во областа електроенергетски системи;
  • да имаат одлично познавање на англиски јазик;
  • да имаат искуство во работа на проекти финансирани од Европската комисија.

      III. Со пријавата кандидатите поднесуваат: документи за завршено образование од највисокиот степен и куса биографија (CV) на адреса: petark@feit.ukim.edu.mk

       IV. За дополнителни информации, заинтересираните кандидати може да се обратат кај доц. д-р Петар Крстевски на следната адреса: petark@feit.ukim.edu.mk.

       V. Огласот трае 8 дена од денот на објавувањето.