Јавен повик за учество на XXIV Ораторска вечер ,,Иво Пухан”

Објавено: ноември 11, 2020

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” Правен факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје

 

Организациониот одбор на Ораторската вечер ,,Иво Пухан” објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за учество на XXIV Ораторска вечер ,,Иво Пухан”

 

Сите заинтересирани за учество на XXIV Ораторска вечер ,,Иво Пухан” се поканети да се пријават по електронски пат на следнава мејл адреса: e.kranlibajram@pf.ukim.edu.mk најдоцна до понеделник, 16. 11.2020 година, до 10 часот. Пријавата треба да содржи име и презиме на кандидатот/ката, циклус, година и насока, како и единицата при УКИМ на која студира.
Оваа година подготовката на кандидатите како и финалната вечер во целост ќе бидат организирани on-line со примена на платформата  Microsoft  Teams.
Повикот е отворен за студенти од сите три циклуси студии на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј”.

 

Организационен одбор на Ораторската вечер ,,Иво Пухан”