АД ЕЛЕМ, ЕВН МАКЕДОНИЈА АД И АД МЕПСО РАСПИШУВААТ КОНКУРС ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИТЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЗАПИШАНИ ПО ПРВПАТ ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА
Услови за аплицирање на конкурсот за стипендија се:
- Студентите да се редовно запишани на прв циклус студии по првпат во прва студиска година во учебната 2018/2019 година на една од следните студиски програми: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ), Електроенергетски системи (ЕЕС) и Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ).
- Студентот кој аплицира за стипендија да не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.
- Просекот на студентот на крајот од првиот семестар од студирањето да е 8.00 или повисок од 8.00 (до датумот на аплицирање).
4.Студентот да е државјанин на РСМ.
Студентите до службата за студентски прашања потребно е да достават:
- Потврда за редовно запишан студент во прва студиска година и уверение за реализиран просек и реализирани кредити. (до датумот на аплицирање).
- Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.
- Соодветно потполнета апликација, мотивациско писмо, копија од диплома за завршено средно образование, копии од дипломи за посета на курсеви, потврда за работен однос и плата на солидарниот гарант.
Стипендијата е во висина од 6.000 денари месечно и важи за една студиска година (10 месеци) со можност за продолжување или прекинување во зависност од исполнување на обврските пропишани во Договорот за стипендирање. Студентот е потребно студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.00. Во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија.
Рокот за поднесување документи е до 26.8.2019 година.