ОГЛАС за доделување две стипендии на студенти од втор циклус студии

Објавено: септември 3, 2019

Врз основа на склучениот Меморандум за соработка потпишан помеѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и ОКТА АД – Скопје, на 23.08.2019 година, Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје распишува

ОГЛАС

за доделување две стипендии на студенти од втор циклус студии

ОКТА АД-Скопје, (во натамошниот текст: ОКТА) во учебната 2019/2020 година доделува две стипендии на студентите запишани на втор циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, на следните студиски програми:

  • Обновливи извори на енергија;
  • Електроенергетски системи;
  • Електроенергетика;
  • Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој.

       I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

  1. Да има завршено прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје во траење од 8 семестри, со постигнат просечен успех од најмалку 8,00;
  2. Да поседува сертификат, како доказ за активно познавање англиски јазик;
  3. Да не е корисник на стипендија од други даватели;
  4. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  5. Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос.

      II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  1. Пријава (формулар достапен на интернет страната на Факултетот);
  2. Копија од диплома/уверение за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех;
  3. Уверение – потврда за активно познавање англиски јазик;
  4. CV на македонски јазик.

      III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина во учебната 2019/2020 година во висина од 1.500 евра.

       IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус е 30.09.2019 година. Документите може да се достават во архивата на Факултетот или по пошта на адреса: Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, ул. Руѓер Бошковиќ, бр.18, Скопје.

Кандидатот ќе биде избран од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА и претставници од Факултетот, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.