Покана за Skopje AIR FAIR

Датум на настан: 30.10.2021

Почитувани,

Огромна чест ни претставува да Ве поканиме на првиот Skopje Air Fair, информативен саем за едукација и професионални опции во воздухопловството. https://aviconn.org/events-projects/skopje-air-fair-2021/

Настанот ќе биде место каде професионалци од различни сфери на авијацијата ќе бидат достапни за младите и ентузијастите да постават прашања со цел да има се олесни патот доколку се одлучат некоја од воздухопловните гранки да стане нивна професија.

Skopje Air Fair е настан во организација на АВИКОН, Здружение за подобро воздухопловство, а поддржано од Град Скопје.

Овој воздухопловно-едукативен саем ќе се случи на 30.10.2021 во Градскиот Парк во Скопје на локацијата Школка, со почеток од 11 часот.

Љубезно Ве покануваме и Вие да бидете дел од овој настан со кој заедно ќе го трасираме патот кон височините за нашата младина.

Со почит,

Тимот на АВИКОН