Сите студенти запишани по првпат во прва студиска година (бруцоши) треба да извршат и електронско запишување на зимскиот семестар во учебната 2019/2020 год. во iKnow системот во периодот од
20.9 до 25.9.2019 година
Во упатството за студенти имате подетално објаснување околу електронското запишување на семестар во iKnow системот.
Студентите кои во дадениот рок нема да го реализираат електронското запишување, истото ќе можат да го направат по истечениот рок во Одделението за студентски прашања со финансиски надомест.
НАПОМЕНА: Како изборен предмет странски јазик, задолжително треба да го запишете странскиот јазик што го избравте при уписот.