С О О П Ш Т Е Н И Е – Пријавување испити – прв циклус студии

Објавено: јуни 28, 2019
  • Пријавувањето испити од прв циклус студии за студентите во августовско/септемвриската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот од 27.6 до 14.8.2019 година.
  • Студенти запишани по стара наставна програма, запишани од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012 пријавите за испит ги доставуваат до предметните наставници во договорениот термин за испит.  

Пријавите треба да се уредно пополнети, при што задолжително се внесуваат податоците за студентот, цело име на предметот, предметниот наставник, испитен рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ, ТК, ИКИ,…).

Уредно пополнетите пријави, задолжително се доставуваат до предметните наставници на испит. Уплатата за административна такса се реализира со уплатница ПП50 (задолжително захефтана на пријавата), или со СМС порака преку мобилен телефон при што студентот задолжително сам го внесува бројот  добиен од СМС пораката во iKnow системот, односно ја валидира уплатата на соодветното место. Исто така, бројот од СМС кодот се впишува и во хартиената пријава на определеното место.  

НАПОМЕНА: По рокот за пријавување испити студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Појаснување во однос на плаќањето за административните такси.

Занчителен број студенти уплатата за административна такса ја поистоветуваат со пријавување испит (не работеше системот за уплата,  не ги пријавив испитите…). Испитот се пријавува електронски во зададениот рок за пријавување, а од вашето електронско пријавување се добива реален број на пријавени студенти за даден испитен предмет во дадена испитна сесија. Исто така, од оваа бројка на пријавени студенти по предмет се изработува распоред за полагање на испитот, и се обезбедуваат доволен број дежурачи за тој предмет, заради тоа потребно е ваше реално пријавување за даден предмет. По електронското пријавување, при пристапување на испитот задолжително носите хартиена пријава која подлежи и со уплата за административна такса, која имате можност да ја уплатите со уплатница (ПП50), или поедноставениот начин на плаќање (да нѐ одите во пошта или банка), соуплата преку мобилен телефон и добивање на код, кој за да стане валиден, сами го администрирате во iKnow апликацијата.

Бидејќи во периодот од јуни до сега системот за поедноставениот начин на плаќање административна такса, имаше некаков проблем, ако истото се случува и во периодот што следи, уплатата за административна такса ќе ја вршите со уплатница (ПП50) во пошта или, банка.