Пријавувањето испити од втор циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (генерации 2013-2019) за август – септемвриската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот
од 16.7 до 16.8.2020 година,
следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.
За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот.
По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.
Скопје, 17.7.2020 година Одделение за студентски прашања на ФЕИТ