С О О П Ш Т Е Н И Е Пријавување испити – НОВИ студиски програми – iKnow – Втор циклус

Објавено: јули 17, 2020

Пријавувањето испити од втор циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (генерации 2013-2019) за август – септемвриската  испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот

 од 16.7 до 16.8.2020 година,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави  до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата  задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот.

По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

Скопје, 17.7.2020 година                                                                Одделение за студентски прашања на ФЕИТ