Пријавување испити на прв циклус студии во август – септемвриската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот од
16.7 до 16.8.2020 година,
следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5
Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испит во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава до предметниот наставник на самиот испит (во спротивно, предметниот наставник нема да дозволи полагање на испит).
Пријавите треба да се уредно пополнети, при што задолжително се внесуваат податоците за студентот, цело име на предметот, предметниот наставник, испитен рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ, ТК, ИКИ,…).
НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.
Скопје, 16.7.2020 година
ОД ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА