С О О П Ш Т Е Н И Е – Пријавување испити – прв циклус студии

Објавено: декември 29, 2020

Пријавување испити на прв циклус студии во јануарската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот од

4.1. до 20.1.2021 година,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5

Студентите кои што ќе извршат уредно електронско пријавување на испит во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава до предметниот наставник на самиот испит (во спротивно, предметниот наставник нема да дозволи полагање на испит). Ова се однесува за испитите кои што се полагаат со физичко присуство. За испитите што се полагаат online, пријавата се става во сандачето на предметниот наставник кај кого што се полага испитот.

Пријавите треба да бидат уредно пополнети, при што задолжително се внесуваат податоците за студентот, целото име на предметот, предметниот наставник, испитниот рок во кој се пријавува испитот и студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ).

НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 400,00 ден., најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

Скопје, 29.12.2020 година

                                                                         ОД ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА