Студентите кои имаат избрано / запишано изборен предмет во зимскиот семестар во учебната 2019/2020 година, а истиот го нема на распоред ќе можат да го заменат со веќе активиран предмет, односно со изборен предмет кој го има на распоредот.
Промената на неактивиран со веќе активиран предмет, студентите ќе можат да ја извршат до 9.10.2019 година, со пополнување на интерен лист кој го доставуваат во студентската служба.
Скопје, 4.10.2019 година Одделение за студентски прашања на ФЕИТ