Запишувањето на зимскиот семестар за студентите од прв циклус студии во учебната 2019/2020 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ќе се врши по електронски пат, на веб адресата на информациониот систем:
www.iknow.ukim.edu.mk, за студентите запишани во и по учебната 2012/2013 година, како и студенти кои преминале на истите.
Пријавувањето по електронски пат е задолжително за сите студенти и ќе биде достапно од 17.9 до 23.9.2019 година, а доставувањето на комплетните документи ќе се врши на шалтерите на Одделението за студентски прашања во периодот
од 17.9 до 23.9.2019 година
од 12:30 до 14:30 часот
Електронското пријавување е задолжително за сите студенти.
По истекот на овој рок, сите студенти ќе можат да го извршат уписот на семестарот со молба и надомест од 500,00 денари.
Студентите кои уписот на семестарот ќе го извршат електронски, а нема да ги достават документите во предвидениот рок, ќе бидат избришани од електронската евиденција, а за да го запишат семестарот ќе треба да достават молба и казна од 500,00 денари за задоцнет упис.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Потребни документи за запишување зимски семестар:
- Индекс
- Образец А3 за запишување семестар;
- Статистички лист за учебната 2019/2020 год (ВОИ-20);
- Интерен пријавен лист со предмети – истиот се пополнува и печати при електронското пријавување на iknow.ukim.edu.mk;
- Уплата за партиципација (државна или квота со кофинансирање) на жиро сметка на Факултетот (види „Финансиски обврски“, страна 4 од Соопштението):
- Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
- Депонент: НБРМ
- Tрезорска сметка: 100000000063095
- Трезорска подсметка: 160010428678814
- Повикување на број: 723012, програма 41
- Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити
- Уплатница во вкупен износ од 1300,00 на истата жиро сметката (на ФЕИТ), со цел на дознака: Материјални трошоци. Овој износ се однесува за: тетратки за испити/колоквиуми 200,00 ден., обнова на книжен фонд 150,00 ден., солидарна одговорност 100,00 ден., колективно осигурување 100,00 ден., уверенија за редовност 100,00 ден. и материјали и опрема за лабораториски вежби и развој на компјутерска мрежа 650,00 ден.
- Уплатница во износ од 750,00 ден. за Примач: УКИМ – за ИКСА, ФЕИТ, Банка: НБРМ, жиро с-ка: 100000000063095, сметка за буџетски корисник: 1600103689 788 18, приходна шифра: 723012 41.
- Студентите кои се запишани на Факултетот од генерацијата 2017/2018 треба да достават потврда за реализирана едномесечна пракса, заверена од компанијата каде е изведена праксата и потпишана од координаторот на студиската програма. Потврда за реализирана пракса треба да достават и студентите кои преминале од старите на новите студиски програми.
- За следење на процесот на самоевалуација на ФЕИТ студентите се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во изминатиот летен семестар. Електронската анкета се пополнува на адресата: http://anketa.feit.ukim.edu.mk/
Електронската анкета е задолжителен предуслов за прием на документи за упис на семестар. Треба да се испринта последната страна од анкетата како доказ за изработена анкета.
НАПОМЕНА: Сите студенти кои во јуни не го завериле летниот семестар се должни заверката да ја извршат при уписот на овој зимскиот семестар. Овие студенти покрај горенаведените документи треба да достават семестрален лист (образец за заверка на семестар А4) и уплатница за извршена уплата од 500,00 ден. на жиро-сметката на Факултетот со цел на дознака: задоцнета заверка на семестар.
Дополнителни информации поврзани со запишувањето зимски семестар
Правила за запишување
- Секој студент што запишува зимски семестар е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во зимскиот семестар според следните правила:
- По правило студентот во секој семестар запишува предмети до најмногу 35 кредити;
- При запишувањето на семестарот студентот најпрво ги запишува неположените задолжителни предмети од претходниот зимски семестар, потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај, изборните предмети од тековниот семестар, но на тој начин што вкупните студиски обврски во семестарот да не го надминат бројот од 35 кредити;
- Условот за запишување на повеќе од 35 кредити е: положени предмети и реализирани сите кредити од сите претходно запишани предмети и просечна оцена најмалку 8,5. Студентите кои запишуваат поголем број кредити од 35, поднесуваат Барање за одобрување запишување поголем број кредити (во писмена форма, до продеканот за настава на ФЕИТ, преку студентската архива на Факултетот).
- При запишување на предметите потребно е да се исполнат предусловите дефинирани со предметните програми што се приложени во информациските пакети за секоја студиска година дадени на веб страницата на Факултетот.
Важни напомени за студентите
- Сите студенти се должни да го достават интерниот пријавен лист испечатен од online пријавувањето.
- Согласно Правилата за студирање студентот го губи статусот на студент запишан во државна квота (квота со партиципација) и ги продолжува студиите во квота со кофинансирање (квота со школарина) ако:
– еден предмет запише по трет пат;
– не освоил најмалку 50% од запишаните ЕКТС кредити во зимскиот семстар од претходната учебна година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.
- Молба за промена на веќе избран изборен предмет, студентите можат да поднесуваат најкасно до 10.10.2019 година, односно непосредно по почетокот на зимскиот семестар со надомест од 1.000,00 денари.
ФИНАНСИСКИ ОБВРСКИ
Износ на партиципација за државна или квота со кофинансирање за РЕДОВНО запишаните студенти согласно цените на кредит по година на запишување, студиска програма и начин на студирање:
Година на запишување | Студиска програма | Начин на студирање | Цена на кредит |
2012/2013 до 2018/2019 | Сите | Државна | 205,00 |
2012/13 до 2018/2019 | Сите | Кофинансирање | 410,00 |
Примери:
Ако студент во државна квота запишува 30 кредити, неговите финансиски обврски изнесуваат: 30 x 205,00=6.150,00 денари.
Студент во квота со кофинансирање што запишува 30 кредити, неговите финансиски обврски изнесуваат: 30 x 410,00= 12.300,00 денари
Упис на семестар на студенти кои се во завршен – последен семестар од студии
(студенти кои ги положиле сите испити, а не го одбраниле
дипломскиот труд)
- Студентите кои имаат пријавено дипломски труд и доколку истиот го одбранат до 30.9.2019 година, немаат обврска за запишување зимски семестар.
- Студентите кои го запишале дипломскиот труд во претходниот зимски семестар и истиот не го одбраниле до 30.9.2019 година, а ги имаат положено сите испити, ќе треба повторно да го запишат/пријават дипломскиот труд при што повторно уплаќаат 8 кредити и 200,00 ден. (материјални трошоци) на жиро сметка на Факултетот (осигурување и уверенија за редовност), односно доставуваат:
- Индекс;
- Образец А3 за запишување семестар;
- Статистички лист за учебната 2019/2020 год (ВОИ-20);
- Интерен пријавен лист (се запишува/презапишува дипломскиот труд како задолжителен предмет);
- Пријава за дипломски труд (во четири примерока, претходно заверена во архивата на факултетот и уплата за адмнистративна такса од 50,00 ден.)
- Уплата за партиципација (8 кредити за дипломскиот труд) на факултетската жиро сметка (државна или квота со кофинансирање);
- Материјални трошоци (се уплаќаат само 200,00 ден. на факултетската жиро сметка);
- Анкета (ако се слушани предмети во летниот семестар)
- Студентите кои ги положиле сите испити, а пријавиле дипломски труд во летниот семестар и истиот нема да го одбранат до 30.9.2019 година должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница во износ од 200,00 денари (материјални трошоци) на жиро сметка на Факултетот (осигурување, уверенија за редовност) и уплатница од 1000,00 денари за административни трошоци на жиро сметка на Факултетотот. Се доставуваат истите документи како во точка 2 без интерен лист и партиципација.
- Студентите кои покрај дипломски труд запишуваат барем еден предмет, доставуваат комплетна документација (страна 2 Потребни документи за запишување зимски семестар).
Скопје, 2.9.2019 година
Од Деканатот на ФЕИТ – Скопје