Соопштение за закажување термин за подигање дипломи

Објавено: октомври 18, 2021

Заради почитување на здравствените протоколи, сите магистрирани и дипломирани студенти на ФЕИТ  во периодот од април 2020, до јуни 2021 година, задолжително треба да закажат термин во кој ќе можат да ја подигнат својата диплома.

За таа цел, на порталот е-Курсеви, преку Виртуелни училници, во курсот Студентска служба/Закaжување термин за подигање дипломи, креирана е активност Закажување термин. Со нејзиното активирање, на кандидатот му се овозможува да избере термин помеѓу 11 и 14 часот, секој  работен ден од 18.10.2021 до 12.11.2021 година.

До активноста Закажување термин може да се пристапи и преку следниов линк:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/scheduler/view.php?id=21842

Kандидатите кои немаат кориснички профил на поталот е-Курсеви, на својот е-mail ќе добијат упатство за најавување.

Дипломата и додатокот на диплома се подигаат во закажаниот термин во читалната на ФЕИТ. Секој кандидат мора да носи документ за идентификација.

Доколку дипломата ја подига друго лице, задолжително е да се испрати полномошно на е-mail marijana@feit.ukim.edu.mk во кој ќе се наведе името, презимето и броjот на лична карта на лицето кое ќе ја подигне дипломата во ваше име.

Дипломиран или магистриран студент кој заради некоја причина не го подигнал уверението за дипломиран/магистриран студент, има обврска првин да го подигне уверението, потоа да ја подигне дипломата и додатокот на диплома, во спротивно нема да му бидат издадени дипломата и додатокот на диплома.