Training programme for future young professionals from North Macedonia in Germany

Последна измена: август 18, 2021

ГИЗ ќе ја спроведе програмата за професионална квалификација во име на Сојузното министерство за економска соработка и развој (БМЗ) и Државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија (НРВ). Главната компонента на оваа програма се имплементира во Германија (НРВ) и решава два големи проблеми во Северна Македонија: невработеност кај младите и недостаток на квалификуван кадар – преку обезбедување специјализирано знаење за младите Македонци во економските сектори ориентирани кон иднината, како
и практично искуство.
Програмата ќе обезбеди квалификација ориентирана кон практиката за студенти (кои имаат завршено најмалку 5-ти семестар во 02/2022 година), дипломирани студенти од универзитет, практиканти (во последната година на обука), дипломирани студенти од средни технички училишта (колеџи) и млади професионалци (со помалку од 1 година работно искуство) кои сакаат да станат идни професионалци и менаџерски кадар во економските сектори кои се важни за општинските услуги. Идниот професионален фокус на апликантот треба да биде во една од следниве области: циркуларна економија и рециклирање, архитектура и енергетски ефикасна градба, деловна администрација, дигитализација и ИТ, снабдување со енергија и обновливи енергии, управување со животната средина и зелена економија, машинство, урбанистичко планирање, третман на вода и отпадни води и економија.
Фазата за аплицирање започна на 01 август и ќе трае до 12 септември 2021 година. Претходно избраните апликанти ќе бидат интервјуирани од претставници на ГИЗ во Скопје на крајот на септември/ почеток на октомври 2021 година.
Најдобрите апликанти ќе бидат избрани во потесен избор за квалификациската програма; сепак, тие се уште треба да го поминат усогласувањето со барањата на германските компании/ институции и курс по германски јазик на Гете институтот во Скопје. Програмата за обука ќе се одвива во Северна Рајна- Вестфалија (НРВ) од април до јули (октомври) 2022 година. Повеќе детали за програмата може да се најдат во приложените документи:

Programme brochure Qualification North Macedonia

Application Form North Macedonia

Flayer Qualification North Macedonia

Data Protection Declaration