Уписи – втор циклус

Објавено: септември 28, 2020

 IKNOW  системот за пријавување во првиот уписен рок е отворен.

Пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2020/2021 година во првиот уписен рок ќе се врши од 30.9 – 15.10.2020 година.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронската пошта

(upisi-feit@ukim.edu.mk) и дополнително прикачување на скенираните документи на последниот чекор во електронската пријава од iKnow-системот.

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

К О Н К У Р С  за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во учебната 2020/2021 година