Во рамките на Европскиот проект WideHealth – кој што го координира ФЕИТ/УКИМ, ќе се организира тематска Зимска Школа „WideHealth Winter School on e-Health & Pervasive Technologies“ . Како дел од Школата ќе биде и натпревар во Машинско Учење: “Препознавање на Човечки Активности од Сензорски Податоци”.
Школата ќе се организира на ФЕИТ хибридно – со физичко присуство и онлајн – од 14 до 17 февруари 2022. Школата ќе биде фокусирана на следните теми: машинско учење за здравство; сеприсутни технологии и е-здравје; анализа на податоци; носливи уреди и пресметување; препознавање на човечки активности.
Школата ќе биде интернационална, отворена за студенти од земјата и од странство. Регистрацијата е на следниот линк.
Во рамките на школата предавања ќе одржат реномирани професори од повеќе земји и институции учесници во проектот WideHealth. Практичната настава и вежбите ќе бидат исто така поддржани од асистенти и истражувачки кадар од ФЕИТ, но и кадар од другите институции, учесници во проектот.
Повеќе информации на страната од проектот: https://widehealth.eu/
и страната на Школата: https://widehealth.eu/winter-school-pervasive-technologies/