Партнерската програма на ФЕИТ ги дефинира правата и обврските на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје и партнер/донатор кои произлегуваат од износот на заснованото партнерство.
Под партнерство се подразбираат износите во партнерските пакети (дефинирани подолу), еднократни донации во хардвер/софтвер/услуги, донации кои се обновуваат на годишно ниво (на пр. софтверски лиценци) и проектни ангажмани на лица вработени на ФЕИТ.
ФЕИТ склучува посебен договор за соработка и засновање на партнерски пакет односно договор за донација со секој партнер поединечно.
Компаниите кои немаат засновано партнерски пакет со ФЕИТ нема да можат официјално да се рекламираат ниту да објавуваат огласи на официјалната Интернет страна на ФЕИТ и неговите социјални канали.
Пакет – Златен партнер на ФЕИТ
Вредност: 15.000 евра (или еквивалентна вредност на лабораториска опрема или материјални средства)
Времетраење на пакет: 2 години
Што опфаќа:
- Истакнување на логото на главната веб страна на ФЕИТ со хиперлинк до веб страната на партнерот
- Истакнување на логото и објавување на кус опис на партнерот (200 зборови) во посебен дел на веб страната на ФЕИТ (Партнери на ФЕИТ)
- Можност за поставување банер на партнерот на промотивни активности на ФЕИТ (Отворен ден и промоција на дипломирани/магистрирани)
- Истакнување на логото на партнерот на рекламно пано во посебен дел од просториите на факултетот
- Огласи на факултетската веб страна за изработка на проекти, пракси и вработувања
- Огласување на настани кои ги организира партнерот на факултетската веб страна
- Консултации при избор на кандидат за пракса или вработување
- Можност за организација на стручни предавања од страна на претставници на партнерот
- Соработка во област на дефинирање и изработка на проектни задачи, семинарски работи, дипломски трудови и магистерски трудови
- Соработка во област на осовременување на наставните програми на ФЕИТ
- Можност за претставување и презентација на партнерот пред студентите на ФЕИТ до 2 пати годишно
* Статус „Златен партнер на ФЕИТ”може да се додели на најмногу 3 нови компании секоја година
Пакет – Сребрен партнер на ФЕИТ
Вредност: 7.500 евра (или еквивалентна вредност на лабораториска опрема или материјални средства)
Времетраење на пакет: 2 години
Што опфаќа:
- Истакнување на логото и објавување на кус опис на партнерот (100 зборови) во посебен дел на веб страната на ФЕИТ (Партнери на ФЕИТ)
- Истакнување на логото на партнерот на рекламно пано во посебен дел од просториите на факултетот (со димензија двојно помала од логото на Златен партнер на ФЕИТ)
- Огласи на факултетската веб страна за изработка на проекти, пракси и вработувања
- Консултации при избор на кандидат за пракса или вработување
- Можност за организација на стручни предавања од страна на претставници на партнерот
- Соработка во област на дефинирање и изработка на проектни задачи, семинарски работи, дипломски трудови и магистерски трудови
- Соработка во област на осовременување на наставните програми на ФЕИТ
- Можност за претставување и презентација на партнерот пред студентите на ФЕИТ до 2 пати годишно
* Статус „Сребрен партнер на ФЕИТ”може да се додели на најмногу 5 нови компании секоја година
Пакет – Голем партнер на ФЕИТ
Вредност: 3.000 евра (или еквивалентна вредност на лабораториска опрема или материјални средства)
Времетраење на пакет: 1 година
Што опфаќа:
- Истакнување на логото и објавување на кус опис на партнерот (50 зборови) во посебен дел на веб страната на ФЕИТ (Партнери на ФЕИТ)
- Истакнување на логото на партнерот на рекламно пано во посебен дел од просториите на факултетот (со димензија двојно помала од логото на Сребрен партнер на ФЕИТ)
- Огласи на факултетската веб страна за изработка на проекти, пракси и вработувања
- Консултации при избор на кандидат за пракса или вработување
- Соработка во област на дефинирање и изработка на проектни задачи, семинарски работи, дипломски трудови и магистерски трудови
- Соработка во област на осовременување на наставните програми на ФЕИТ
- Можност за претставување и презентација на партнерот пред студентите на ФЕИТ еднаш годишно
Пакет – Партнер на ФЕИТ
Вредност: 1.500 евра (или еквивалентна вредност на лабораториска опрема или материјални средства)
Времетраење на пакет: 1 година
Што опфаќа:
- Истакнување на логото во посебен дел на веб страната на ФЕИТ (Партнери на ФЕИТ)
- Истакнување на логото на партнерот на рекламно пано во посебен дел од просториите на факултетот (со димензија како и Голем партнер на ФЕИТ)
- Огласи на факултетската веб страна за изработка на проекти, пракси и вработувања
Пакет – Проектен партнер на ФЕИТ
Вредност: 5.000 евра за ангажман на ФЕИТ во научно-истражувачки или апликативен проект
Времетраење на пакет: 1 година
Што опфаќа:
- Истакнување на логото во посебен дел на веб страната на ФЕИТ (Партнери на ФЕИТ)
- Истакнување на логото на партнерот на рекламно пано во посебен дел од просториите на факултетот (со димензија како и Голем партнер на ФЕИТ)
- Огласи на факултетската веб страна за изработка на проекти, пракси и вработувања
- Соработка во област на дефинирање и изработка на проектни задачи, семинарски работи, дипломски трудови и магистерски трудови
- Можност за претставување и презентација на партнерот пред студентите на ФЕИТ еднаш годишно
Пакет – Огласување на ФЕИТ
Вредност: 500 евра
Времетраење на пакет: 1 година
Што опфаќа:
- Огласи на факултетската веб страна за изработка на проекти, пракси и вработувања
Златен партнер на ФЕИТ | Сребрен партнер на ФЕИТ | Голем партнер на ФЕИТ | Партнер на ФЕИТ | Проектен партнер на ФЕИТ | Огласување на ФЕИТ | |
Истакнување на логото на главната веб страна на ФЕИТ со хиперлинк до веб страната на партнерот | + | |||||
Истакнување на логото во посебен дел на веб страната на ФЕИТ (Партнери на ФЕИТ) | + | + | + | + | + | |
Објавување на кус опис на партнерот во посебен дел на веб страната на ФЕИТ (Партнери на ФЕИТ) | + | + | + | |||
Можност за поставување банер на партнерот на промотивни активности на ФЕИТ (Отворен ден и промоција на дипломирани/магистрирани) | + | |||||
Истакнување на логото на партнерот на рекламно пано во посебен дел од просториите на факултетот | + | + | + | + | + | |
Огласи на факултетската веб страна за изработка на проекти, пракси и вработувања | + | + | + | + | + | + |
Огласување на настани кои ги организира партнерот на факултетската веб страна | + | |||||
Консултации при избор на кандидат за пракса или вработување | + | + | + | |||
Можност за организација на стручни предавања од страна на претставници на партнерот | + | + | ||||
Соработка во област на дефинирање и изработка на проектни задачи, семинарски работи, дипломски трудови и магистерски трудови | + | + | + | + | ||
Соработка во област на осовременување на наставните програми на ФЕИТ | + | + | + | |||
Можност за претставување и презентација на партнерот пред студентите на ФЕИТ | + | + | + | + |