Конкурс за практикантска работа на ОКТА во соработка со ФЕИТ

Објавено: март 21, 2024

 

ОКТА, најголемиот снабдувач на горива во земјата, објавува конкурс за практикантска работа во соработка со ФЕИТ

Услови за аплицирање:

  1. Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
  2. Студентот да има средно познавање на англиски јазик.
  3. Студентот да има познавање на Microsoft Office и AutoCAD

Времетраење на пракса:

Практикантот ќе биде континуирано присутен на платена пракса во ОКТА АД – Скопје, извршувајќи задачи во Сектор за обновливи извори и трговија со ел. енергија, во временски период од 1 до 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне на 02.05.2024 година.

Обврска на компанијата:

  • да му обезбеди ментор на практикантот.
  • да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
  • да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

Цели на праксата

  • Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.
  • Практикантот ќе биде под менторство во Секторот за обновливи извори и трговија со ел. енергија, истовремено асистирајќи во повеќе области на работа.
  • Секторот за обновливи извори и трговија со електрична енергија е под дирекција за енергетско планирање и развој и ги опфаќа следниве активности – анализа на потенцијални клиенти за нови проекти, администрирање документација за подготовка на тендер за избор на изведувач за инсталирање на фотоволтаични централи, подготовка на фајлови за реализираните количини електрична енергија (трговија и производство), подготовка на номинации за снабдување и производство на електрична енергија, следење на потрошувачката на клиентите, итн. Практикантот ќе има директна можност за зголемување на своето знаење од аспект на обновливи извори на енергија и тргување со енергија, Microsoft Office, SAP и деловна комуникација.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr. При испраќање на апликацијата кандидатите потребно е да назначат во Subject – Пракса во Сектор за обновливи извори и тргување со ел. енергија.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.

Огласот е отворен најдоцна до 10.04.2024 година.