ОКТА најголемиот снабдувач на горива во земјата, објавува конкурс за практикантска работа во соработка со ФЕИТ
Услови за аплицирање:
- Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
- Студентот да има средно познавање на англиски јазик.
- Студентот да има познавање на Microsoft Office и AutoCAD
Времетраење на пракса:
Практикантот ќе биде континуирано присутен на платена пракса во ОКТА АД – Скопје, извршувајќи задачи во Сектор Инсталациски постројки, во временски период од 1 до 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне на 13.05.2024 година.
Обврска на компанијата:
- да му обезбеди ментор на практикантот.
- да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
- да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.
Цели на праксата
- Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.
- Практикантот ќе биде под менторство во Сектор Инсталациски постројки, истовремено асистирајќи во повеќе области на работа.
- Секторот Инсталациски постројки е под дирекција Оператива и ги опфаќа следниве активности – извршување навремени порачки, контактирање со надворешни изведувачи, изнаоѓање технички решенија за целосно извршување на работните задачи во службата, учество во проектните тимови поврзани со припрема и реализација на одредени задачи поврзани со нови проекти или припрема на соодветни спецификации, изготвување извештаи во текот на реализацијата на проектите, итн.
ОКТА Рафинерија има приклучок на преносниот енергетски систем на МЕПСО, што значи дека нејзиниот внатрешен приклучок започнува со трафостаница 110/6 kV, а за потребите на компанијата има инсталирани повеќе дистрибутивни трафостаници, постројки и електрични уреди. Тоа значи дека практикантите во ОКТА Рафинерија може да стекнат практично знаење од сите области што се изучуваат на Факултетот за електротехника и информациски технологии, но со поголем осврт на следните теми:
- Електроенергетски приклучоци (на дистрибутивна и преносна мрежа) во РСМ;
- Високонапонски 110 kV постројки;
- Енергетски трансформатори со примарен напон од 110 kV;
- Испитување на среднонапонска опрема (прекинувачи, раставувачи, собирници, кабли, дистрибутивни трансформатори);
- Лоцирање на дефект на кабли, нивно санирање и повторно испитување пред пуштање под напон;
- Фотонапонски централи;
- Електромотори;
- Фреквентни регулатори;
- Правила за извршување на Технички испитувања на електроенергетска опрема во/вон експлозивни атмосфери;
- Заземјување и заземјувачки системи;
- Мерење во електроенергетика;
- Компензација на реактивна моќност;
- Внатрешно и надворешно осветлување.
- За сите горенаведени точки, практикантите ќе се запознаат со технички стандарди, закони и подзаконски акти во РСМ, тип на уреди кои што се применуваат, постапки за нивно инсталирање и одржување, како и напредни софтверски алатки за практични пресметувања на реални проблеми. По стекнување на основните знаења од горенаведените точки, ќе имаат конкретна задача да решат постоечки проблем од Електор Одржување и САМИР. Практикантот ќе има директна можност за зголемување на своето знаење од аспект на инсталациски постројки, Microsoft Office, AutoCAD и деловна комуникација.
Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr. При испраќање на апликацијата кандидатите потребно е да назначат во Subject – Пракса во Сектор Инсталациски постројки.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.
Огласот е отворен најдоцна до 03.05.2024 год.