Народна банка на Република Северна Македонија ве известуваме дека студентите на високообразовните институции од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка имаат можност да вршат практична работа во текот на месеците јуни, јули и август 2022 година.
Пријавата, пополнета од страна на овластеното лице од Факултетот и од студентот, заверена со печатот на Факултетот и со потпис од овластеното лице, како и со потпис на студентот, се доставува до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија или по пошта, со назнака „ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА“, најдоцна до 10 мај 2022 година, на следнава адреса: