Оглас за пракса во Code Chem

Објавено: февруари 3, 2021

Ги отвараме вратите на третиот годишен Open Day организиран во Code Chem. Поради новонастанатата ситуација, оваа година истиот ќе се одржува online.

Имено, настанот е целодневен, почнува од 09 до 17 часот на 20.02.2021 година, ден сабота.

Како и претходните/изминатите 2 години, Open Day го реализираме со цел да се поврземе со потенцијалните кандидати за пракса и вработување.

Виртуелно ги отвараме вратите на компанијата и ја споделуваме нашата култура со Вас.

Она што е исклучително важно е да Ви кажеме дека во Code Chem секој нов член е добредојден и почитуван подеднакво исто како и сите останати вработени во компанијата.

Во суштина голем дел од нашите продукти се изработени со инволвирање на нашите практиканти и истите се дел од постоечки тимови кои работат на големи корпорациски проекти.

Ако сте мотивирани и сакате да бидете длабоко вклучени во овој процес, ова е вистинското место за Вас.

Имате можност да учите и работите со најдобрите ментори, а ние ќе Ви помогнеме да ја градите Вашата кариера за време на пракса во една пријатна и мотивациона атмосфера, да научите еден тон нови вештини и технологии и да уживате во времето поминато во Вашето патување со нас.

Сите кои сакаат да ја градат својата кариера во областа на IoT/Embedded системи нека ја пополнат анкетата и потврдат својот интерес за присуство на Open Day.

Пријавувањето трае до 15.02.2021.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfpYQ9i9rDFyQv2Y-Y0veepgKRTAngN0JLWLthYHY526YAQ6g/viewform