Оглас за пракса во Exelerate

Објавено: април 5, 2022

Аплицирањето за летна пракса во Exelerate е сега ОТВОРЕНО!

Почнувајќи од денес може да аплицирате на: https://exelerateit.com/internship

Неколку работи што сакаме да ги издвоиме:

– Праксата е платена

– Претходно знаење за технологиите што ги користиме и/или работно искуство не е неопходно

– Се работи за bootcamp, не само стандардна пракса и имаме менторски пристап кон практикантите, целта е да ве направиме компетентни инжењери во рок од 3 месеци.

– Праксата е во нашите канцеларии, а не remote. Искуството од досегашните пракси, покажа дека вака можеме да ви се посветиме комплетно, а и за вас е полесно да се интегрирате во нашиот тим, проектите и да научите повеќе.

– Добивате Welcome Kit кој вклучува и Macbook Air M1 службен лаптоп.

– Крајната цел е да останете во нашиот тим по завршување на праксата. Сите кои ќе ги исполнат очекувањата, на крајот на програмата добиваат понуда за вработување.

– Почетната плата за вработување по завршување на праксата ќе биде 500€/месечно.

– Ќе се здобиете со уникатна перцепција за тоа како еден стартап оперира и како вие можете да придонесете во еден стартап.

Разгледајте го целиот оглас од линкот, разгледајте нè нас како компанија, и доколку се гледате како дел од Екселерејт ги очекуваме вашите апликации!