Оглас за пракса во Македонски Телеком

Објавено: ноември 15, 2019

 

Македонски Телеком има потреба од студенти за обавување на платена пракса во повеќе Сектори/Служби од максимум една година со полно работно време од 08:00 до 16:00 часот . Истите ќе бидат ангажиран за следниве активности:

Сектор за регулативни и големопродажни прашања:

  • Работа и одржување на интерконекциските договори, координација на бизнис и техничките аспекти на продуктите и сервисите
  • Комуникација со роаминг партнерите и администрација на роаминг inbox
  • Анализа на големопродажниот пазар и трендови на ниво на роаминг и интерконекција
  • Работа на инерконекциски билинг систем, имплеметација, репортинг и билинг циклус актовности
  • Роаминг покривање и негова реализација со сите релевантни интерни служби
  • Подготвува извештаи на редовна основа за роаминг и интерконекциски сообраќај, приходи, роамери, приходи, трошоци COROK и сл.
  • Контакт за бизнис ескалација за роаминг и интерконекција и врши нивна резолуција со релевантните Технички и ИТ служби во компанијата:

Сектор за пристапни мрежи:

  • Да вади податоци од системите со кои работи Службата
  • Во excel да средува/обработува податоци од разни табели
  • Да учествува на тртенингот за One ERP проектот
  • Да помага при реаализација на One ERP проектот
  • Работа во системот за потребните на One ERP PSL INT модулот
  • Во текот на имплементација на One ERP проектот може да биде ангажиран и за дополнителни задачи кои ќе произлезат од наведениот проект.

Сите заинтересирани студенти своите биографии да ги доставуваат најдоцна до 22.11.2019. година на следната маил адреса sonja.kargova@telekom.mk со назнака – за пристпни мрежи/ за регулатива.