Македонски Телеком има потреба од студенти за објавување на платена пракса во Сектор за регулативни и големопродажни прашања од максимум една година со полно работно време од 08:00 до 16:00 часот. Истите ќе бидат ангажирани за следниве активности:
Сектор за регулативни и големопродажни прашања
- Учество и поддршка во преговори за интерконекција и пристап, координација на бизнис и техничките аспекти на продуктите и сервисите
- Управување со големопродажните барања за пристап и соработка со релеватните компаниски области во процесот на имплементација при стратешко дефинирање на компаниските потреби и можности, SWOT анализи и иницијативи кон одредени релеватни институции
- Управување, подготовка и ажурирање на Референтните големопродажни понуди
- Следење на развојот на регулативата за интерконекција и пристап поврзана со идни регулирани големопродажни производи и одредување на регулативни насоки за новоразвиените продукти
- Подготовка на коментари, забелешки и аргументирани решенија кон предлозите на АЕК за анализите на релевантните пазари
- Подготовка на регулативни мислења и решенија за Предлозите на Маркетинг и Продажба за нови услуги и цени во делот дата услуги
- Следење и анализа на пазарот за големопродажни услуги, регулативните трендови во ЕУ и светот, споделување на регулативните искуства со релевантните области
Сите заинтересирани студенти своите биографии да ги доставуваат најдоцна до 16.10.2020 година на следната маил адреса sonja.kargova@telekom.mk со назнака – за регулатива.