Македонски Телеком има потреба од студенти за обавување на платена пракса во Служба за поддршка на технички услуги – Тим за FTTH имплементација во времетраење од максимум една година со полно работно време од 08:00 до 16:00. Практичната работа се реализира во работни простории на Телеком во Скопје.
Aнгажираниот практикант би ги извршувал следниве активности:
- Дизајн и техничка припрема на FTTH решенија во секундарна оптичка мрежа;
- Евидентирање на FTTH материјали во апликацијата OneERP;
- Евидентирање на технички промени кон мрежните елементи во FTTH мрежа;
- Припрема на извештаи за реализирани трошоци поврзани со FTTH технологија во сервисните центри;
- Работа во апликациите за технички FTTH податоци во DWH, OneERP, NetCracker, sCRM;
- Учество во процесите за оперативна поддршка на FTTH Provisioing на регионалните сервисни центри;
- Издавање и примање на FTTH материјали;
- Покривање на вообичаените задачи и должности во Службата.
Доколку поседувате тимски дух и иницијативност, и сакате да сте дел од технолошки развиена компанија не чекајте и пратете ја својата биографија најдоцна до 15.12.2021 на career@telekom.mk со назнака Пракса во техника -Тим за FTTH имплементација.