СООПШТЕНИЕ
ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) – Скопје
Услови за аплицирање:
- Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
- Студентот да биде од некои од следниве студиски програми: Компјутерски технологии и инженерство (КТИ); Компјутерско хардверско инженерство и електротехника (КХИЕ); Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ).
- Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик.
- Студентот да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft
Времетраење на пракса:
Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во ОКТА АД – Скопје извршувајќи задачи во Секторот за Информациска технологија, во временски период од 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне во текот на месец јули или август 2021 година.
Обврска на практикантот :
- да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба.
- континуирано да води дневник за текот на праксата.
- задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.
Обврска на компанијата:
- да му обезбеди ментор на практикантот.
- да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
- да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.
Цели на праксата:
- Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.
Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.
Огласот е отворен најдоцна до 25.06.2021 година.