Оглас за практикантска работа во ОКТА

Објавено: јули 12, 2021

СООПШТЕНИЕ
ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со ФЕИТ – Скопје

Услови за аплицирање:

  1. Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
  2. Студентот да биде од некои од следниве студиски програми: Компјутерски технологии и инженерство (КТИ); Компјутерско хардверско инженерство и електротехника (КХИЕ); Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ).
  3. Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик.
  4. Студентот да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft

Времетраење на пракса:

Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во ОКТА АД – Скопје извршувајќи задачи во Секторот за Информациска технологија, во временски период од 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне од 3.8.2021 година.

Обврска на практикантот :

  • да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба.
  • континуирано да води дневник за текот на праксата.
  • задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.

 Обврска на компанијата:

  • да му обезбеди ментор на практикантот.
  • да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
  • да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

 Цели на праксата:

  • Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.

Огласот е отворен најдоцна до 21.07.2021 година.