ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со ФЕИТ – Скопје

Објавено: мај 16, 2023

Услови за аплицирање:

  1. Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
  2. Студентот да има средно – високо познавање на англиски јазик.
  3. Студентот да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office.

Времетраење на пракса:

Практикантот ќе биде континуирано присутен на платена пракса во ОКТА АД – Скопје, извршувајќи задачи во ИТ сектор, во временски период од 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне на 05.06.2023 година.

Обврска на компанијата:

  • да му обезбеди ментор на практикантот.
  • да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
  • да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

Цели на праксата

  • Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.
  • Практикантот  ќе   биде   под   директно   менторство   на   менаџерот   во   ИТ   сектор, истовремено асистирајќи во повеќе сфери на работа.
  • ИТ е сектор под дирекција за финансии и администрација, и ги опфаќа следниве активности – подршка на крајни корисници, инсталација на мрежна и копјутерска опрема, работа со бази на податоци. Практикантот ќе има директна можност за зголемување на своето знаење од аспект на напреден Microsoft Excel, напреден англиски јазик и деловна комуникација.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr. При доставување на пријавата кандидатите да наведат за кој пракса аплицираат, Секторот Набава.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.

Огласот е отворен најдоцна до 23.05.2023 година.